Живот и Стил

Коктели кои содржат најмногу калории, а упорно сите ги пиеме

Коктели кои содржат најмногу калории, а упорно сите ги пиеме

Кој не сака коктели? Весела и шарена стапица за која не сфаќаш колку длабоко си навлезен во неа додека не го испиеш и последниот коктел за вечерта.

Сепак, од морето шарени вкусни коктели 3 од нив се издвојуваат според бројот на калориите. Но, сите како по некое непишано правило упорно ги нарачуваме и ги пиеме.

Кои 3 коктели се најголемата стапица преполни калории, односно јаглени хидрати и шеќери?

Пина колада

Неверојатни 644 калории се кријат во превкусниот пијалак со арома на кокос и ананас. Цели 90 g јаглени хидрати би требало да се доволна причина за да ве премислат од порачување Пина Колада.

Помножете ги броевите по 2 или 3 колку што регуларно пиете и од прилика ви е јасно зошто и целодневното гладување не се важи кога го консумирате овој коктел.

Маргарита

Слатко-киселото ледено задоволство не изгледа како некоја особена закана, но маргаритата во просек содржи околу 740 калории и 56 g јаглени хидрати. Наместо овој зашеќерен коктел, направете замена со бела текила со мраз и малку лимета.

Лонг Ајленд

Сè, само не леден чај, би требало да биде предупредувањето пред да се нарача овој убиствен коктел. Со неверојатни 780 калории (повеќе отколку еден нормален оброк) и 44 g јаглени хидрати, Лонг Ајленд убедливо води на листата на најкалорични коктели.

 

To top