Придржувајќи се до одредени диети, луѓето обично прават две големи грешки кои можат да резултираат со дополнително зголемување на телесната тежина – прескокнување на појадокот и изоставување на млечни производи од секојдневната исхрана.
Малкумина знаат дека секојдневниот доручек кој вклучува и чаша млеко, може да помогне за да се дојде до посакуваната телесна тежина.
Млекото содржи значителни количини калциум, витамин Д, фосфор и други урамнотежени хранливи материи, и не само што го поттикнува здравиот раст на коските и забите и ја одржуваат функцијата на мускулите и крвните садови, туку и содржи состојки (калциум, железо, фолна киселина – витамин Б9 и влакна) кои се неопходни за одржување на витка линија.
Само квалитетното млеко е добро млеко. Млекото не содржи заситени масти, па поради тоа и нема потреба од грижа за вишок на килограми. Напротив, докажано е дека луѓето кои редовно пијат млеко имаат повитка фигура од оние кои не пијат. Внимавајте на вашето здравје и фигура и започнете го денот со чаша пастеризирано млеко .