Мегафон

В петок во Битола второ издание на „Боемски вински салон“

В петок во Битола второ издание на „Боемски вински салон“

„Битола, бабам, Битола. Таму се живот живее. Таму се јаде и пие“

Со овој мал стих „Слоу Фуд Битола“ со задоволство Ве поканува на второто издание на „Боемскиот вински салон“ кој што ќе се оддржи на 13-ти декември од 15 до 22 часот во холот на Народниот Театар Битола.

Како што велат самите организатори, салонот има за цел презентација и промоција на производители на вино, кои ќе ни ги презентираат нивните вински приказни и ќе ни понудат на дегустација вина направени со страст. На овој начин тие сакаат да ја градат винската култура во нашиот регион, да едуцираат за значењето на поднебјето, за зачувувањето на локалниот биодиверзитет во лозјата, техниките на производство на вино и зачувувањето на животната средина.

На овогодинешното издание на „Боемскиот вински салон“ планирано е да се претстават околу 20 производители со 80 етикети на вино, кои ќе бидат дегустирани од голем број на љубители на виното. Со поддршка на Општина Битола, Горска вода и Народен Театар Битола, „Слоу Фуд Битола“ ќе се потрудат успешно да ја промовираат филозофијата на Слоу Фуд преку презентација на вина од страна на малите винарии.

Влезница 150 денари, со која добивате винска чаша и можност да дегустирате 80 етикети на македонско вино од 20 винарии.

Дојдете заедно да го славиме виното!

To top