Живот и Стил

Хормонот за задоволство најдобро ќе го стимулирате со музика

Хормонот за задоволство најдобро ќе го стимулирате со музика

Музиката предизвикува чувство на задоволство како омилената храна, тврдат истражувачите од Универзитетот во Монтреал. Тие одбраа осум доброволци од 19 до 24 години, ги приклучија на специјален скенер и ја мереа количината на хормонот допамин, како и отчукувањата на срцето, температурата на телото и дишењето.

Се возпостави дека мозокот на луѓето кои кои паѓаат во еуфорија додека слушаат музика, го лачи токму овој хормон на задоволство, а слична реакција предизвикува и храната која ја сакаат.

Додека уживаат во нивните омилени песни, кај испитаниците е забележано зголемено лачење на допамин т.н. striatum, во предниот дел на мозокот. Овие промени не се случуваат доколку музиката не им се допаѓа.

 

Допаминот се лачи интензивно додека јадеме, така што тогаш посебно уживаме.

Сепак, музиката е посебна загатка, а научниците истакнуваат дека музиката на Моцарт има особено позитивен ефект врз мозокот. Испитаниците кои ја слушаат покажале повисок степен на интелигенција во тестовите од оние кои претпочитаат најмодерна музика. Научниците веруваат дека ова е затоа што музиката на Моцарт има уникатни математички обрасци, кои го активираат логичкиот дел од мозокот.

извор:попара.мк

To top