Радио Милева

(ФОТО) „Знам дека не е лесно да ме трпиш“: Сани јавно му напиша на сопругот интимна порака!

(ФОТО) „Знам дека не е лесно да ме трпиш“: Сани јавно му напиша на сопругот интимна порака!

Пред неколку месеци фолк пејачката Сани Гроздановска на свет ја донесе својата втора ќеркичка Ева, а на сопругот Мартин му подари наследничка.

Не и требаше многу време за повторно да му се врати на настапите, а паралелно да и ја пружа мајчинската грижа на својата малечка.

Изминатата година за оваа брачна двојка беше исполнета со многу убави моменти, а еден од нив беше и нивното официјално стапување во брак.

По повод годишнината од бракот, Сани на својот сакан му посвети интимна порака во која ги опиша своите чувства за изминатите 12 месеци брачен живот, а гласи вака:

Се што помина со мене овие 365 дена ти дава право да се кандидираш за најдобар сопруг на светот. Ти благодарам што постоиш во мојот живот и што ми го правиш секој ден посебен! Твојата љубов внесе светлост во мојот живот! Знам дека не е лесно да ме трпиш мене ама тоа ти е. Мораш! Нема бегање! Среќна годишнина лепото! Уште 100 да дочекаме заедно, напиша Сани на својот Фејсбук профил , а честитките од пријателите и следбениците се редеа до недоглед.

To top