Живот и Стил

Неделен хороскоп: (02-08.Ноември,2019 година)

Неделен хороскоп: (02-08.Ноември,2019 година)

Оваа недела планетата Јупитер влегува во знакот на Јарец, отворајќи долг период на успеси за родените во овој знак, но и за Биковите и Девиците. А вие, во кој знак сте родени? Откријте со нас што ви приготвуваат ѕвездите за оваа седмица.

Овен: Месечината е со вас!

За жал, оваа недела ќе мора да продолжите да се занимавате со Венера во неповолна позиција. Ситуацијата со партнерот ќе стане сè позатегната и повеќе нема да бидете подготвени да се правите компромиси. Сепак, петок и сабота, ќе бидат среќни денови со убава Месечина во знакот, па затоа искористете ги за помирување: организирајте дијалог со партнерот и почнете да ги решавате конфликтите.

Бик: Дајте си малку одмор!

Влегувањето на Јупитер во знакот на Јарец означува почеток на важен период и за вас, кој ќе продолжи и во 2020 година и ќе ви обезбеди одлични резултати, особено во професионалната сфера. Оваа недела, сепак, ќе мора да ги издржите Меркур и Марс во опозиција, кои ќе продолжат да создаваат пречки на вашиот пат и да ве тераат да се чувствувате малку поуморни. Искористете го викендот за да си дадете добра релаксација!

Близнаци: Одлична вест!

Добри вести кои доаѓаат за вашиот знак: конечно, почнувајќи од вторник, Јупитер веќе нема да биде во опозиција! Минатата година беше прилично стресна за вашиот знак, особено од професионална гледна точка. Но сега, започнува период на поголемо спокојство, во кој ќе можете да закрепнете и да ви се врати силата и енергијата, а со тоа и да започнете нови проекти. Среќни денови: петок и сабота. „Не“ денови: среда и четврток.

Рак: Вистинската љубов ќе ги надмине пречките!

За жал, оваа недела, планетата Јупитер ќе биде неповолна за вас, покрај неповолната Венера во опозиција. Затоа, не е лесно време во однос на чувствата: сите тензии меѓу вас и вашиот партнер излегуваат на површина и ќе треба многу трпеливост за да се поправи ситуацијата. Запомнете – ако е вистинска љубов, сепак, ќе преживее! Избегнувајте дискусии во деновите на неповолна Месечина, петок и сабота.

Лав: Тежок старт

Вашата недела започнува со тежок понеделник, со Месечината во опозиција која – заедно со непогодната поставеност на Марс и Меркур – ризикува да го нагласи стресот што ве следи во овој период, особено на работа. За среќа, од вторник ситуацијата во канцеларијата ќе стане помалку напната. Во љубовта, од друга страна, уживајте во петок и сабота, со поволна Месечина подготвена да ви донесе моменти на релаксација и убави емоции.

Девица: Јупитер се враќа да ви се насмевне!

Конечно оваа недела планетата Јупитер ќе престане да биде неповолна за вашиот знак, отворајќи ви долг период на лично исполнување, во кој сигурно задоволствата и успесите нема да изостанат! Венера и Меркур се подеднакво поволни, ги олеснуваат средбите и комуникацијата, како со партнерите така и на работното место. Внимание само на денот четврток кој е прилично нервозен.

Вага: Бројте до 10 …

Драги Ваги, оваа недела Венера е неповолна за вас и ви носи ризик од создавање конфликти со партнерот, особено во петок и сабота, кога Месечината во опозиција може да ве натера да изгубите трпеливост. Губењето трпение е многу ретка работа за вас, Вагите, но тоа – кога ќе се случи – може да донесе многу лоши последици! Среќа пак, од друга страна, ве чека во понеделник, кога би можеле да пристигнат добри вести.

Шкорпија: Не двоумете се!

Марс и Меркур во вашиот знак ви гарантираат невероватна сила! Оваа недела ќе ја постигнете целта која ви е драга: не двоумете се да преземете акција, особено во вторник, среда и четврток, кога на вашата страна ќе имате и убава среќна Месечина. Венера пак, го зачинува пријатно вашиот љубовен живот: обрнете внимание само на денот недела, кој би можел да биде стресен.

Стрелец: Збогум, Јупитер!

Драги Стрелци, вашата недела започнува со убав, среќен понеделник со прекрасна Месечина. Вторник, среда и четврток, од друга страна, пак, не се толку пријатни денови кога може да се појават мали непредвидени ситуации или дискусии, како на работа така и во семејството. Климата, сепак, ќе остане мирна: Јупитер, во долгиот транзит во вашиот знак, годинава, ви донесе големи задоволства, па позитивната енергија ќе продолжите да ја примате подолго време.

Јарец: Добредојде, Јупитер!

Оваа недела ќе го почувствувате влегувањето на планетата Јупитер во вашиот знак: тоа е важен настан, кој ќе ви гарантира многу успех во следниот периот, и тоа не за кратко време, туку за цела следна година! Венера во знакот, во меѓувреме, ви дава големо задоволство на полето на чувствата. Добри вести доаѓаат и на работното место … Што повеќе би можеле да посакате?

Водолија: Прекрасен почеток на седмицата

Вашата недела започнува со прекрасна Месечина во знакот, што ќе ви донесе дополнителна среќа која ви е потребна за да ги надминете пречките пред вас, особено на работното место. Среќни денови, исто така, ќе бидат и петок и сабота, додека во недела може да се чувствувате уморни. Неповолниот Марс продолжува да прави да се чувствувате прилично под стрес и нервозни… Избегнувајте да се преиспитувате што е правилно, а што погрешно и конечно, преземете акција!

Риби: Среќна недела!

Драги Риби, ова ќе биде супер- среќа недела за вашиот знак! Конечно, почнувајќи од вторник, планетата Јупитер повеќе нема да биде неповолна, а со тоа ќе се стави крај на една година што не беше воопшто едноставна. Во 2020 година, напротив, ве чекаат многу убави задоволства! Во меѓувреме, веќе можете да уживате во наклоноста на Венера и Меркур, подготвени да ви дадат среќни средби и интересни врски, како на приватен, така и на професионален план.

фото:нетпресс.ком.мк

To top