Радио Милева

„Се чинеше дека никогаш нема да попушти“: Мадона е тешко болна!

„Се чинеше дека никогаш нема да попушти“: Мадона е тешко болна!

Мадона, популарната поп дива, откри дека морала да откаже неколку настапи поради исцрпеност и болка, иако, како што велат нејзините фанови, тоа во никој случај не е карактеристично за неа.

Нејзините настапи и концертните турнеи низ целиот свет отсекогаш биле енергични и во најголем дел се чинеше дека кралицата никогаш нема да попушти на годините.

Поточно, Мадона сега преку својот профил на Инстаграм проговори за проблемите со кои се соочува.

– Простете ми за овој неочекуван развој на случувањата. Да се има концерт секоја вечер е голема радост за мене, но болката што ја чувствувам стана преголема – рече Мадона и додаде:

фото:мадона/инстаграм

– Тешко ми е да признаам дека сум од крв и месо, но колку и да се порекнува, така е. Морам да одморам наредните три дена за да го опоравам коленото – напиша таа во една пригода, додавајќи дека никогаш нема да се откаже и покрај тоа што страда од сериозна болест.

– Не се откажувам. Ова е сериозна болест, но морам да ги соблечам потпетиците и хулахопките неколку дена, признава Мадона.

To top