За разлика од многу познати личности кои приватноста ја кријат како „змија нозете“, фолкерката Сузана Гавазова е една од оние која не само што не го крие приватниот живот, туку и го сервира на на увид на јавноста, дури и кога се нејзините деца во прашање.
Двете мали ќеркички, Емили и Селена се најблескавите ѕвездички во нејзина вселена, па затоа Гавазова се обидува секој слободен миг да биде со нив, за да им ја дари сета мајчинска љубов на овој свет, а од нив да го добие она, што секоја мајка го посакува: безгрижна детска насмевка за среќа и радост!
Празници се ближат, оние највеселите, најпосакуваните, најшарените… За сите, особено за најмладите!
Затоа фолкерката побрза навреме да ги израдува своите ќеркички украсувајќи го домот со рани новогодишни декорации, меѓу кои се разбира доминира, накитената новогодишна елка!
Играчки и лампиони, но и специјално брендирана гардероба во вид на новогодишни фустанчиња за двете ангелчиња, нејзините ќеркички – двете куклички Емили и Селена!
Веселата атмосфера секако ја збогатуваат новогодишните песнички и игра, исполнети со детскиот џагор и смеа, а тука е и мама да запее, ако треба!
Така е секоја претходна, така е и оваа година, кога празници се ближат и доаѓа Нова Година! А, Нова Година уште отсега вака се празнува во домот на Гавазова!