Живот и Стил

Три хороскопски знаци кои ги чека љубовен бродолом во 2018 година

Три хороскопски знаци кои ги чека љубовен бродолом во 2018 година

Ѕвездите оваа година не се наклонети кон сите хороскопски знаци. Во 2018 година, некои хороскопски знаци би можеле да завршат со скршено срце, но и не мора да значи.

Тоа најмногу зависи од вас и вашиот карактер, а ова се трите знаци на кои им се “заканува” љубовен бродолом:

Близнаци

Близнаците ги чека година на преиспитување на љубовта и врските. Тие ќе се откажат од својата лоша навика да го бараат сопствениот одраз во партнерот и конечно ќе се соочат сами со себе. Некои лекции ќе ги научат на потешкиот начин, но со тоа би можеле да ја запознаат и својата сродна душа.

Шкорпија

Шкорпиите ќе имаат лош почеток на годината што кај личностите родени во овој знак најчесто ќе предизвика лутина. Доколку не ја скротат својата деструктивна енергија, може да останат со скршено срце. Позитивната страна на овој знак е тоа што релативно брзо закрепнуваат по неуспешните врски.

Вага

Вагата ќе сфати дека животот не е секогаш фер и дека промените се понекогаш неизбежни. Со ваквите проблеми тие се носат уште од детството, а оваа година конечно јасно ќе ги дефинираат своите емоции и гласно ќе кажат што мислат. На тој пат можат да се оддалечат од некои луѓе од својот живот, доколку сфатат дека тие не им се потребни во животот.

извор:karmin.mk

To top