Радио Милева

Се породи сопругата на Саша Капор, а еве какво име одбраа за наследничката

Се породи сопругата на Саша Капор, а еве какво име одбраа за наследничката

Пејачката Николина Коваќ се породи и на свет ја донесе ќерка, пишува српскиот магазин „блиц.рс“.

Николина и нејзиниот сопруг Саша Капор го добија своето второ дете односно ќерка за која го одбраа името Николета.

Породувањето поминало во најдобар ред, а Николина и бебето се чувствуваат добро.По тој повод, гордиот татко се огласи на социјалните мрежи.

„Ти благодарам што ни подари уште една смисла за живот. Те сакам, Николина #Николета“ напиша Капор на социјалните мрежи.

фото: Инстаграм

Популарниот пар веќе има едно дете, односно во 2013 година станаа родители на синот Николаја.

To top