Живот и Стил

Како да ја ублажите катастрофата од промашена боја за коса?

Како да ја ублажите катастрофата од промашена боја за коса?

На секоја девојка во животот ѝ се случило барем еднаш да не е задоволна со новата боја за коса, без разлика дали бојадисувањето било на фризер или во домашни услови.

За среќа, нема простор за паничење, бидејќи сето тоа е решливо и штетата може да биде ублажена. Постојат и професионални, но и домашни трикови.

Добивте пресветла боја
Оваа ситуација е најлесно решлива, бидејќи доволно е да ја обоите косата повторно. За да избегнете оштетување можете да одберете колор-шампон или прелив за коса или пак, обичната боја за коса да ја држите на главата половина од препорачаното време.

Претемна нијанса
Во некои случаи може да делува сода бикарбона. Измешајте сода бикарбона во шампонот за да добиете погуста смеса налик паста. Можеби ќе треба да употребите повеќе шампон за да можете да ја премачкате целата коса.

Направете го ова веднаш по боењето, не чекајте да поминат неколку часови или денови. Оставете ја смесата да делува 5 до 10 минути и потоа добро измијте ја. Во зависност од тоа колку е темна нијансата, можете на ваков начин да ја осветлите барем малку.

Добивте портокалов отсјај
Портокаловата нијанса се појавува кај оние кои имаат црвен пигмент во основата на косата, а се истакнува при осветлување. Решението се крие во виолетовиот или сивиот прелив за коса или шампон кој е нијансиран во овие бои.

Зеленкаста нијанса
Зелен отсјај на косата најчесто се добива поради често боење на косата во руси тонови и користење бланш, а притоа не се негува со соодветни маски, серуми и регенератори.
Овој трик е најчудниот на оваа листа, но големи се шансите штетата да ја неутрализирате со помош на индустриски кечап. Оставете го да делува неколку минути. Неговата црвена боја ќе ја неутрализира зелената нијанса и привремено ќе ја поправи штетата.

To top