По евровизиската „Proud“, Тамара Тодевска има нова песна насловена „Мonsters“.
Велат дека победничкиот тим не се менува, така и Тамара веројатно водена по тоа реши и за новата песна да работи со најдобрите македонски композитори: Дарко Димитров, Лазар Цветковски и Роберт Билбилов, кои за Тамара повторно ги здружија силите и направија спој на својата инспирација.
Не беше исклучен ниту Коста Петров кој го напиша текстот.
Песната премиерно беше отпеана на „Kenga Song Festival“ во Тирана Албанија, од каде е снимено и видеото.
Текстот е на англиски јазик, звучи модерно и хитовски, а на само неколку минути по објавувањето на интернет каналот Јутјуб има доста позитивни коментари.
Слушнете ја „Monsters“: