Актерот Сако Коцев и неговата сопруга Смиљана во ноември 2017 година станаа родителите за првпат на нивната ќерка Јоана.
Сашко оттогаш ужива во семејната идила, а досега неколку пати изјави дека татковството го променило.
Коцев е актер со многубројни ангажмани, настрана тоа што игра во добар дел од репертоарот на матичниот Македонски народен театар, тој снима реклами,филмови има стендап-настапи… Вели дека не му е проблем да ги координира чувањето на Јоана и креативниот процес.
„Го користам секој момент за творење и чување. Тоа е комбинација на нишање за заспивање и пишување некој текст во главата… потоа мавтање со играчката, истовремено поминување текст за вечерашната претстава или, пак, топлење млеко и правење план во главата за утрешната проба“, изјави Сашко во една прилика.
Откако стана родител, зачестија и неговите духовити статуси на социјалните мрежи за родителството со кои редовно ги засмејува следбениците.
„Кога ќе добиеш дете,да ти израсне трета,евентуално четврта рака.Еволуцијо,когааааа???!!“
Неодамна посака дека убаво би било еволуцијата да поработи на трета рака, а последно помисли дека ќе добие пријава од соседите поради чудните звуци кои се слушаат од неговиот дом.
„Толку ја имам усовршено како прави кравата МУуу, што очекувам да ме пријават комшиите дека чувам вистинска!!!“– пишуива тато Сашко на што коментарите и лајковите се редеа до недоглед.
Инаку, мама Смиљана и тато Сашко неодамна го прославија вториот роденден на нивната наследничка Јоана.