ТВ водителката и фитнес инструкторка, Снеже Велков, е вистински работохолик.
Покрај снимањето на емисијата „Вип на еден ден“, таа секојдневно е е сала за вежбање каде е тренер на група девојки и жени кои го негуваат спортскиот дух и начин на живот.
Но, некогаш и многу работа не е на арно!
Снеже се увери во тоа, бидејќи се здоби со повреда на ногата, а поради истата сега мора некое време да се повлече, односно да паузира се додека не заздрави повредената нога.
-Тој што тренира секојдневно има легитимно право на повреда и болка.Навистина треба да направам пауза, пишува Снеже.
Дека навистина е спречена во извршување на обврските покажа со фотографијата на која е седната на домашната софа со испружена нога наредена со облоги.
Оние што секојдневно практикуваат спортски активности, добро знаат дека е навистина тешко да се пропушти ден од редовните тренинзи, а веруваме дека истото важи и за Снеже.
Покрај одморот и мотивацијата е вистински лек, а нема сомнеж дека Снеже наскоро ќе се врати посилна, но и попретпазлива.