Промотер

Лина Пејовска со љубовна „клетва“ – „Нека те боли“ (ВИДЕО)

Лина Пејовска со љубовна „клетва“ – „Нека те боли“ (ВИДЕО)

Лина Пејовска и стана позната на македонската јавност по учеството  во неколку музички талент шоу натпреварувања во регионот како „Пинковите ѕвездички“ во Србија или „Ѕвезди – летен хит“ во Хрватска, каде млата Македонка се претстави во најголемо светло.

Девојчето полека растеше, се разубавуваше  и почна да снима свои песни кои почнаа да ја пробиваат на македонската поп сцена. Ланските песни како онаа на Дарко Димитров, „Топло-ладно“ („Одлучи се“ – српска верзија) и макфестовската балада „Нема“, како и годинешнава преработка на старата тема од 2010 година на некогашна македонска пејачка Снежана Џеповска, насловена „Крив си сам“.


Најновото од Лина носи наслов „Нека те боли“, песна што уште еднаш ги потврдува нејзините гласовни можности и интерпретаторски квалитети.

Лина новата песна ја промовираше во Албанија, на фестивалот „Kenga Magjike 2019“.
Музиката и аранжманот на оваа преубава балада се одново на Дарко Димитров, а текстот е на Игор Џамбазов.

Како сето тоа звучи и изгледа во нејзиниот фестивалски настап, проследете од видеото во продолжение:

To top