Темен лак- Иако имавте спротивни уверувања дека темните нијанси визуелно ќе ви ги скратат ноктите, не се плашете. Темните лакови стојат најубаво на пократки нокти.
Црвен лак – Ако сакате визуелно да ги издолжите ноктите налакирајте две третини од ноктот, со тоа што на рабовите ќе оставите неколку милиметри без лак.
Проѕирен лак- Ако сакате дискретен сјај, а сте во брзање, нанесете еден безбоен слој. Со него никогаш не можете да утнете или да се размачкате, а за многу кратко време ќе добиете ефект на сјајни и негувани нокти.
Пастелни бои на лак – Нежните пастелни тонови се идеален компромис, а во широката палета сигурно ќе најдете една нијанса во која ќе се заљубите. За разлика од темните лакови, пастелните даваат поприроден изглед.