Живот и Стил

8 нешта кои најверојатно не сте ги знаеле за синдромот на токсичен шок

8 нешта кои најверојатно не сте ги знаеле за синдромот на токсичен шок

Користењето тампони самото по себе е доволно комплицирано, тоа што е уште позастрашувачко е фактот што на самата кутија од тампоните пишува предупредување за токсичен шок.

Проблемот е што повеќето жени не се свесни за ова потенцијално смртоносно нарушување. Доколку сакате да го заштитите вашето здравје, тогаш мора да ги знаете овие нешта за синдромот на токсичен шок.

Што претставува синдром на токсичен шок?

8 работи кои веројатно не сте ги знаеле за синдромот на токсичен шок

Токсичен шок е ретка компликација предизвикана од одредени видови бактериски инфекции која е опасна по живот. Станува збор за насобирање на два вида бактерии кои го тераат телото да доживее токсичен шок.

Кои бактерии играат улога во токсичниот шок?

8 работи кои веројатно не сте ги знаеле за синдромот на токсичен шок

Бактериите кои се одговорни за голем број чести инфекции, како стафилококите и стрептококите, најчесто се поврзуваат и со оваа застрашувачка медицинска состојба.

Дали тампоните се безбедни за употреба?

 

Токсичниот шок отсекогаш бил поврзуван со употребата на тампони. Но, откако компаниите го подобриле квалитетот на овие производи, тие се поретка причина за овој синдром. Тоа значи дека се доволно безбедни за користење, но ако забележите какви било симптоми поврзани со токсичниот шок, веднаш отстранете ги од вас и консултирајте се со лекар.

Кои други производи можат да предизвикаат токсичен шок?

8 работи кои веројатно не сте ги знаеле за синдромот на токсичен шок

Покрај тампоните, токсичен шок можат да предизвикаат и продуктите како сунѓери, дијафрагми и менструални чашки. Токму затоа е многу важно да внимавате кога ги употребувате.

Дали мажите се безбедни?

8 работи кои веројатно не сте ги знаеле за синдромот на токсичен шок

Иако жените се најголемите жртви на токсичниот шок (вклучувајќи ги и оние во менопауза), мажите исто така треба да знаат да ги препознаваат симптомите. И не само мажите, туку сите родители треба да бидат доволно информирани и да внимаваат, бидејќи и децата можат да добијат токсичен шок.

5. Покрај производите за интимна нега, што друго може да предизвика токсичен шок?

8 работи кои веројатно не сте ги знаеле за синдромот на токсичен шок

Мажите најчесто добиваат токсичен шок од исеченици и отворени рани. Бактериите влегуваат во телото преку раната и остануваат заробени внатре.

6. Како влијае употребата на протеза?

8 работи кои веројатно не сте ги знаеле за синдромот на токсичен шок

Друга причина за појава на токсичен шок е насобирањето токсини кај протезите. Како што се зголемил бројот на корисници на овие направи, така се зголемил и бројот на луѓе со токсичен шок.

7. Токсичен шок по операција?

8 работи кои веројатно не сте ги знаеле за синдромот на токсичен шок

И хируршките зафати може да предизвикаат синдром на токсичен шок. Но тие ретко предизвикуваат компликации бидејќи се забележуваат и се третираат веднаш.

8. Како да разликувате симптоми на токсичен шок од симптоми на грип?

8 работи кои веројатно не сте ги знаеле за синдромот на токсичен шок

Синдромот на токсичен шок се појавува одеднаш, за разлика од грипот чии симптоми полека се влошуваат. Колку долго ќе трае, зависи од случајот. Најчестите симптоми се треска, болки во мускулите, вртоглавица, повраќање и дијареја.

Кога да посетите доктор?

8 работи кои веројатно не сте ги знаеле за синдромот на токсичен шок

Ако сте загрижени дека вие, или некој кој го знаете страда од синдром на токсичен шок, потребно е веднаш да побарате стручна помош.

извор:кафепауза.мк

To top