Живот и Стил

Победете ја несоницата со овие природни билки

Победете ја несоницата со овие природни билки

Сите нас понекогаш не мачи несоница која негативно влијае на нашето здравје и расположение.Таа негативно се одразува на концентрацијата и го отежнува извршувањето на задачите во текот на денот.

Со помош на овие билки несоницата може да се победи:

Мајчина душа – Етеричното масло од мајчина душичка ги опушта мускулите, а цветовите и листот помагаат за добар сон. Доколку пак подготвувате чај од мајчина душичка подгответе го во поклопен сад бидејќи во спротивно, нема да има лековити својства.

Лаванда – Ставена во топла купка, таа обезбедува мирен сон. Од лавандата можете да подготвите и чај. Освен што ги опушта мускулите, таа ја намалува нервозата и вознемиреноста и помага и мирен сон.

Маточина – За лековитите својства на оваа билка, најзаслужни се есенцијалните масла цитронеал и цитрал, пелините и танините кои ги опуштаат мускулите, ги јакнат срцевите мускули и имаат антибиотско дејство. Чајот од маточина е прекрасен и има убав мирис.

To top