Вистаграм

Има свое мече и ја обожува модата! Запознајте ја Џил: верверичката – трендсетерка!

Има свое мече и ја обожува модата! Запознајте ја Џил: верверичката – трендсетерка!

Запознајте ја Џил, седумгодишната верверичка која била спасена за време на ураганот Ајзак во август 2012 година. Таа има свој Инстаграм профил наречен This Girl Is A Squirrel, со над 630 илјади следбеници. На нејзиниот профил пишува дека е вегетаријанка која обожува салфетки и е експерт за паркур, но едноставно се плаши од правосмукалката. Џил има свое минијатурно мече кое сака да го гушка пред спиење. Таа е дресирана верверичка што обожува мода и позирање пред камера.

Дали сакате да ја запознаете Џил?

Во 2012 година, кога ураганот Ајзак беснеел во Америка, таа паднала од своето гнездо кое го зафатил тајфун. За среќа, ја пронашле нејзините згрижувачи и таа е сега среќна во нивното семејство.

Џил е Интернет сензација уште од 2015 година

Според сликите, можеме да забележиме дека таа е ѕвезда во семејството каде што живее. Редовно го слават нејзиниот роденден, а секој ден си добива и вкусни оброци. Понекогаш носи и слатка, мала облека!

Таа е модерна „девојка“

Освен што сака да позира, таа сака да оди и на одмор. Ужива во долгите возења и во песочните плажи.

Погледнете уште неколку слатки фотографии од ова домашно милениче.

извор: кафепауза

To top