Јаболкото е едно од најпопуларните овошја ширум светот. Јаболката е најдобро да ги консумирате свежи, но може да направите превкусен и лесен есенски десерт од нив.
Една јаболко содржи 14 проценти од потребната доза витамин Ц. Освен тоа, содржи и витамин А, Е, Б1, Б2 Б6, К и калиум.
Јаболката се богат извор на полифенол кој е корисен за организмот.
Консумирањето јаболка го намалува ризикот од дијабетес тип 2. Освен тоа, имаат корист за системот на варење.
Пробајте го лесниот рецепт за печени јаболка со мед и ореви:
Состојки:
5 јаболка
500 гр. ореви
6 лажици мед
Начин на подготовка:
Смелете ги оревите и промешајте ги со мед. Излупете ги јаболката, направете отвор во срединаta и сипете ја смесата. Печете ги на 200 степени околу 20 минути. На крајот, украсете со мед и ореви.
извор:Курир.мк