Радио Милева

Оваа пејачка го дизајнира фустанот во кој Цеца ќе се појави на свадбата кај Вељко и Богдана

Оваа пејачка го дизајнира фустанот во кој Цеца ќе се појави на свадбата кај Вељко и Богдана

Остануваат уште неколку дена до венчавката на Вељко Ражнатовиќ и  Богдана Родиќ, а медиумите со денови пишуваат за свадбата на деценијата.

Пред некој ден Богдана заедно со сестрите и пријателките ја прослави моминската вечер, а во недела и Вељко славеше ергенска вечер.

Како што пишуваат некои српските медиуми, Богдана својата венчаница ја купила во Виена.

Цеца откри дека на свадбата ќе носи креација на пејачката Марина Вишковиќ.

„Не, мене фустанот ми го подготвува Марина Вишковиќ“ изјави Цеца во емисијата „Премиера викенд специјал“.

Инаку, ова не е првпат Цеца да се појавува во модна комбинација на оваа пејачка. Исто така и Анастасија знае да се појави во модни парчиња на нејзината колешка.

фото: Инстаграм

Пејачката откри дали се точни некои шпекулации кои се пишуваат во спрските медиумит:

„Се и сешто читам, немам време да демантирам. Важно е дека се убави работи, па нема да се лутам“  вели Цеца низ насмевка.

Свадбата на Богдана и Вељко е закажана за 24 ноември.

 

To top