Добро е и да знаете дека всушност голем број домашни и природни продукти имаат позитивен ефекти врз убавината. Кремите може да ве чинат многу пари, а да треба да потрошите неколку пакувања, додека да видите ефекти.
Многу козметичари би ве советувале да употребите нешто од природата, што не е многу скапо, а кое го има сличниот ефект како и скапите производи за нега.
Замрзнати коцки кафе
Кофеинот е составен дел од многу креми за околу очи. Тој ги намалува брчките и штетата која ја прават слободните радикали. Со една коцка смрзнато инстант кафе разладете го делот под очите. Тоа ќе ја осветли уморната кожа и ќе ја подобри циркулацијата.
Зелен чај
За да го користите позитивниот ефект на зелениот чај, потопете две парчиња памук во ладен чај и ставете ги како облоги на горниот капак или под окото, но не и директно на окото.
Капсули витамин Е
Витаминот Е е важна хранлива состојка, а можете и да го нанесувате директно на кожата, за побрза регенерација на клетките. Со тоа го забавува процесот на стареење.
Кокосово масло
Иако нема да ги намали ниту брчките, ниту темните кругови, кокосовото масло ќе ви помогне да ја одржите кожата мека и да избегнете нејзино сушење и првутење.