Најбрзиот начин да ја средите фризурата е да додадете марама, а постојат неколку начини како да ја носите марамата во коса.
Веќе неколку сезони по ред, марамата во коса е хит кај девојките, но дали сте ги пробале сите начини за стилизирање?
Независно дали косата ќе ви биде фатена во високо или ниско опавче, во пунџа или плетенка – марамата секогаш додава доза на драматичност во вашиот изглед.
- Марама како трака, врзана назад
- Марама преплетена во плетенка
- Марама околу ниско опавче
- Марама околу полу дигната пунџа
- Марама преплетена во ниска пунџа
- Марама како украс на почеток или крај на плетенката