Урмите уште се нарекуваат здрави колачи кои растат на дрво. Тие претставуваат слатко овошје кое по изгледот се слични на маслинките (имаат плод и семка). Растат собрани во гроздови, на палми, лесно се берат, чуваат и транспортираат и се многу важен дел од животот и историјата на Арапските Земји. Со тек на време, од Арабија се пренесени во Египет, Азија и Европа.
Урмите имаат широк спектар на здравствени и нутритивни вредности кои претставуваат најздраво овошје на светот. Одличен извор на растителни влакна кои му се неопходни на телото за добро работење на цревата.
Природниот шеќер што го содржат е совршена алтернатива за обичниот шеќер. Лесно сварливи, го намалуваат чувството на глад, а освен со јаглехидрати изобилуваат и со витамин Б6, витамин А, фолна киселина и минерали(железо, магнезиум, бакар, калциум).
Хранливите материи најдобро би се искористиле доколку изедете неколку урми на гладен стомак.
- Одлични се за подобрување наослабена крвна слика, бидејќи содржат многу железо.
- Содржат лутеин и зеаксантин, кои уште се нарекуваат “витамини за очи”, неопходни за добро здравје на очите.
- Бидејќи содржат калиум поволно делуваат придијареа, покачен крвен притисок и превентивно против мозочен удар. Исто како што спречуваат дијареа, така можат да делуваат за побрзо варење на храната.
- Неколку урми потопени во вода, преку ноќ, пуштаат сок, кој делува лаксативно и ги стимулирамрзливите црева.
- Содржат фосфор, кој има важна улога како храна за мозокот.Од таа причина урмите се препорачуваат во исхраната на оние кои се бават со интелектуална работа.
- Имаат способност да го намалат и лошиот холестерол.
- Урмите го зајакнуваат телото и зголемуваат нивото на енергија, па ја зголемуваат и сексуалната издржливост.
- Содржат и флуор, значаен минерал неопходен во борбата против кариес кој спречува крварење на непцата.
Идеални се за оние кои постат, но и оние кои се на диета, затоа што го зголемуваат чувството на ситост. Но не претерувајте со јадењето, бидејќи сепак се висококалорично овошје.