Докторката на познатата глумица Анџелина Џоли, присуствуваше во утринска емисија каде зборуваше за превенција на рак на дојка и даде неколку корисни совети. Еден од нив е поврзан и со контроверзната соја, чија употреба долги години била дискутабилна дали таа е здрава или не.
Кога холивудската убавица Анџелина Џоли (42) објави дека превентивно ги отстранила двете дојки, целиот свет остана шокиран. Всушност, во 2013 година Анџелина направи двојна мастектомија, бидејќи дознала дека има BRCA1 ген, поради кој била изложена на голем ризик од појава на рак на дојка.
Докторката, Кристи Фенк неодамна се појавила во утринска програма и ги советувала сите жени да ја зголемат употребата на соја, разновидно овошје и да се ослободат од антибактериските сапуни. Односно, оваа изјава е прилично шокирачка за јавноста со оглед на тоа дека во последно време главна тема е дали сојата е штетна и претставува причина за заболување од рак.
“Тоа е мит што треба конечно да се заборави. Бев дел од таа митологија иако постојано зборував дека треба да се држат подалеку од таа. Тоа е погрешно, погрешно, погрешно”, вели докторката во емисијата.
Воедно наведила дека постојат пет студии во периодот од 2009 година па се до денес, кои покажуваат дека конзумирањето на цело зрно соја всушност претставува анти – естроген за човечкото тело.
За време на интервјуто не ја пропуштила приликата да нагласи дека посетувањето на доктор е од исклучителна важност за сите жени.
“Оваа година 17 милиони жени дознале дека боледуваат од рак на дојка. Сигурна сум дека само 1 милион од нив знаат како се контролира и спречува болеста. Се започнува со исхраната. Витамини, физичка активност, дебелеење, алкохол – се работи кои можат да се контролираат”, вели докторката Фанк.
10 совети од докторката Фенк за превенција од рак на дојка
1. Секој ден јадете карфиол, брокули, кељ, купус – тие имаат моќни антиканцерогени карактеристики.
2. Конзумирајте боровинки, јагоди, рибизли бидејќи се антиоксиданси. Тие го присилуваат ракот на самоубиство.
3. Додадете куркума во јадењето или соковите.
4. Јадете грозје, тој е одличен антиоксиданс и добар за метаболизмот.
5. Печурки – не постои доказ дека се лек за ракот или дека го спречуваат, но тие се богати со витамини.
6. Додавајте повеќе соја во исхраната. Млеко и сирење од соја се многу корисни.
7. Употребувајте обични сапуни.
8. Јадете органска храна.
9. Редовно чистете го домот .
10. Збогатете го домот со билки. Тие одлично ги апсорбираат отровите.
извор:точка.мк