Радио Милева

Лепа Брена без влакна на јазикот проговори за бракот: „Боба е мажот од моите соништа, ги исполни сите мои желби“

Лепа Брена без влакна на јазикот проговори за бракот: „Боба е мажот од моите соништа, ги исполни сите мои желби“

Лепа Брена следниот месец ќе слави 28 години брак со Слободан Боба Живојиновиќ со кога има два сина, Стефан и Виктор.

Брена објасни зошто нејзината љубов со сопругот е специфична.

„Веројатно затоа што сме јавни личности. Имавме судбинска љубов, поминавме низ убави и тешки моменти. Предизвик беа тешките периоди кои се поврзани со распадот на Југославија, смртта на Рака Џокиќ, повредата на кичмата на Боба, мојата повреда на коленото, киднапирањето на Стефан која не поремети на сите нивоа бидејќи секое живо сушество сака да ја зачува фамилијата. Тоа случување ни го повреди и достоинството, но успеавме да ја надминеме таа драма“ вели Брена за „стори.рс“.

 

фото: Курир

Поминаа 19 години од киднапирањето на поглемиот син на Брена, Стефан.

„Неодамна тоа ме потсети приказната за киднапираното момче од Стара Пазова. Моето семејство во тој период поминуваше низ агонија, но не сакавме да се јавиме и да се мешаме во тој случај. Голема е среќа што нашата полиција ги открива злосторниците и што момчето е вратено во својот дом. На тој 24. ноември 2000 година ние немавме поддршка. Никогаш не беа откриени оние кои го киднапираа Стефан. Мојот син не сака да зборува за тоа бидејќи не сака во медиумите да се појавува како жртва, но јас како мајка ќе ја искористам приликата и улогата на јавна личност да зборувам за тоа и ќе се здружам со сите жени кои се грижат за истата работа“ вели Брена.

Пејачката вели дека Боба и е најголема поддршка.

фото: Инстаграм

„Ние сме луѓе кои многу работиме, знаеме да разговараме кога не сме лути. Тоа што сме посветени еден на друг е тајната за успехот на нашиот брак. Боба е мажот од моите соништа, човек кој ги исполни сите мои желби. Ме изненадува со работи кои не се однесуваат на луксуз. Не сум личност на која и требаат такви работи. Ми треба прегратка, разбирање, топол крај, место каде ќе уживме, каде ќе размениме приказни. Тој успеа да ги препознае сите мои емоции, да биде маж секогаш кога требаше “ вели пејачката.

Брена објаснува дека откако нејзиниот сопруг станал дедо добил нова енергија.

To top