Радио Милева

Новите соседи на Вики Миљковиќ открија како пејачката се однесува приватно (фото)

Новите соседи на Вики Миљковиќ открија како пејачката се однесува приватно (фото)

Вики Миљковиќ купи три страна во една елитна населба во Белград,  а само за еден стан плати пола милион евра.

Вики неодамна се пресели во еден од становите, а сега соседите откриваат што се случува во нејзиниот крај.

„Вики е наша драга сосетка. Секој ден ја гледам со работници, често влече некои кутии. Се жали што во станот има мајстори и е хаос, едвај чека да заврши уредувањето и да започне живот на нова адреса. Фина е, пристојна, жена од народ. Кога и да ја сретнам, таа зборува на телефон, често зборува со некој. За уредување на станот ангажираше архитект“ вели девојка која живее во близина на новиот дом на пејачката.

фото: Јутуб

Вики е чест гост во фризерскиот салон кој се наоѓа во зградата каде што живее:

„Утрово беше на фенирање. Вики е вистинска жена, многу е фина и цврсто стои на нозе. Нема некои посебни барања. Ни се жалеше како се предолги снимањата на „Ѕвездите на Гранд“, дека има една пауза и дека е многу напорно. Посебено и е напорно сега кога енергијата ја троши на мајстори и уредување на станот. Пред некој ден беше овде со архитектот бидејќи и се допадна ѕидот во нашиот салон и бараше од архитектот да има ист таков во нејзиниот стан“ вели вработена во салонот.

 

фото: дејан бриза

Миљковиќ со синот и сопругот е редовен гост во кафулето кое се наоѓа до нејзината зграда.

„Вики често доаѓа. Љубезна е, фина, нормална, не глуми ѕвезда. Не пие алкохол, омилено пијалок и е лимонада.  Некогаш доаѓа средена, некогаш ненашминканка и без фрзиура. Не е искомплексирана. Со семејството оди и во маркет“ вели вработена во кафулето.

 

фото: рајко ристиќ

„Вики често доаѓа. Пристојна и културна жена. Не ни знаев дека е пејачка ако не ми кажеше, не слушам таква музика“ вели вработена во менувачница.

To top