Повеќето луѓе едвај чекаат да им заврши работниот ден, за да можат барем малку да дремнат.
Некои пак се чувствуваат лошо бидејќи “дремат” после работа, но навистина нема потреба од тоа поради тоа што :
Ќе бидете посреќни
После половина час дремење, ќе се чувствувате полни со енергија. Ќе бидете посреќни и ќе се чувствувате одморено, a и без проблем ќе ги завршите останатите обврски.
Мозокот ќе ви работи поефикасно и ќе правите помалку грешки
Со дремењето го одмарате вашиот мозок. Ова, пак, ќе ви ја зголеми концентрацијата и ќе ја намали можноста за правење грешки.
Ќе го подобрите здравјето на срцето
Луѓето кои попладне дремнуваат, имаат 37% помал ризик од срцеви заболувања.
Ќе се намали желбата за брза храна
Докажано е дека недостатокот од сон има лошо влијание врз префронталниот кортекс. Овој дел од мозокот е задолжен за донесување одлуки, па кога не спиете доволно, се зголемува желбата за брза храна и потешко ви е да ја контролирате. Дремката од половина час ќе ви помогне да се справите со ова.
Помалку ќе се расправате
Поради недостатокот од сон, луѓето можат да бидат поагресивни и почувствителни. Ова, неретко резултира со непотребни расправи со саканите.