Живот и Стил

Бидермаер – зошто се фрла на крај?

Бидермаер – зошто се фрла на крај?

Со текот на годините како дел од традицијата на која сите се радуваат е на крајот од свадбата, а тоа е невестата го фрла нејзиниот букет.

Се верува дека таа девојка (која не е мажена) што ќе го фати бидермаерот, ќе биде следна која ќе стапи во брак.

Овој обичај во минатото имал друга цел.

Пред 100-ина години се сметало дека е голема среќа да допрете било што, што невестата го носела на себе од велот, па сè до фустанот.

Фустанот се сметал за добра среќа за другите жена, еден вид на плодност. По свадбата, немажените жени ја бркале невестата и и кинеле парчиња од фустанот чувајќи го како симбол за плодност. Со текот на годините, свадбените фустани станаа поскапи и невестите решија да ги чуваат или како спомен или да го предаде на својата ќерка за нејзината свадба.

Така многу гости почнале да се концентрираат на тоа наместо да ја допираат невестата, да чекаат истата да го фрли букетот и да го зграбат за среќа во љубовта.

Па затоа за да се тргне вниманието од фустанот на невестата, многу невести почнале да го фрлаат букетот.

Благодарение на овој итар трик гостинките сега мирно чекаат да дојде фрлањето на букетот, наместо да трчаат по невестата за да ја допрат нејзината облека.

To top