Македонската поп пејачка Калиопи Букле изминатиот период беше на турнеја во регионот каде што публиката ја дочека со раширени раце и ги пееше нејзините хитови.
По успешната турнеја во Босна и Херцеговина, Букле продолжи со неколку концерти во Србија.
Имено, пејачката викендов имаше концерт во „Комбанк Арена“ каде пред публиката ги пееше нејзините стари и понови песни.
Меѓу присутните, освен фановите на Калиопи, се најдоа и нејзини колеги, меѓу кои и пејачот Жeљко Самарџиќ.
Средбата со македонската дива ја овечовечи со заедничка фотографија, а во описот на истата напиша:
„Се гордеам што те имам за пријателка. Вечерва блескаше. Секој пат одново ме воодушевуваш. Многу те сакам драга Калиопи“ напиша Самарџиќ.
Под фотографијата веднаш следеше коментар и од Драгана Мирковиќ: „Се приклучувам, прекрасни сте мои драги колеги“.
Инаку, Калиопи за некој ден продолжува со турнејата во Србија, па нејзините фанови ќе може да ја слушнат во Краљево, Лазаревац и Панчево.