Емили и Селена се целиот универзум за Сузана Гавазова – ќерките кои секојдневно ја радуваат и ја полнат со безусловна мајчинска љубов.
За разлика од повеќето познати, Гавазова се разликува по тоа што не го крие приватниот живот, па дури и кога нејзините наследнички се во прашање.
Емили и Селена веќе потпораснаа во преслатки девојчиња, а мама гордо објавува нивни фотографии и видеа на социјалните мрежи.
Па така, меѓу нејзините најнови објави на Инстаграм, главниот фокус го имаат двете русокоси принцези кои мама речиси секогаш ги облекува слично.
Инаку, Емили е првата ќерка на Сузана и сопругот Јасмин која денес има пет години, додека помалата Селена летово наполни четири.