Вага

Ова е година во која Вагите ќе сфатат дека колку и да се трудат од живеат во баланс, животот не е секогаш фер и потребно е на моменти да се пресече. Ова е проблем кој го носите од детство и реално тоа е извор на сите ваши фрустрации.

Во претстојниот месец конечно ќе ги дефинирате своите емоции и јасно и гласно ќе можете да кажете што мислите. Ќе се ослободите од непотребниот стрес и ќе почнете од почеток. Веројатно па пат ќе изгубите некои личности од својот живот, бидејќи ќе сфатите дека тоа не е тоа и дека сте идеализирале хармонија само во својата глава.

Близнаци

За сите Близнаци доаѓа месец на размислување на начинот на кој пристапувате кон љубовта и врските. Близнаците ќе се откажат од своите лоши навики на барање на сопствениот лик во партнерот и конечно ќе се соочат сами со себе. Овој знак толку добро се проектира сам себе на другите луѓе што се чини дека кога ќе се заљубат почнуваат да го менуваат својот живот поради другата личност, Но, оваа навика често не ги дава најдобрите резултати во љубовта.

Близнаците конечно ќе научат да се натпреваруваат со сами себе и ќе научат некои лекции на тежок, односно болен начин. Но, имајте на ум дека вашата сродна душа ве чека, дури и ако тоа не се случи во блиска иднина.

Скропија

Скорпиите најчесто сами на себе си го кршат срцето иако е многу полесно блоката да му се даде на друг. Работите кои ќе ви се случуваат на почетокот на февруари ќе предизвикаат лутина и ќе го сипувате вашиот отров буквално насекаде. Ако не ја зауздате својата деструктивна енергијанавреме, може да се случи поголема штета поради која на крајот вие најмногу ќе патите.

Позитивната страна на вашата деструкција најверојатно е моќта нарегенерација, Не е точно дека губитоците не се корисни. Тие можат многу да ве научат ако се поставите паметно. Свртете ја секоја промена во ваша корист и дочекајте ја пролетта посреќни од било кога.