Промотер

Ташко Каранфиловски и посвети песна на сопругата, а во спотот и ја додели главната улога – “Само едно ми е важно” (ВИДЕО)

Ташко Каранфиловски и посвети песна на сопругата, а во спотот и ја додели главната улога – “Само едно ми е важно” (ВИДЕО)

Фолк пејачот Ташко Каранфиловски сними видеоспот за песната “Само едно ми е важно”. Станува збор за љубовна песна, во брз  ритам чија музиката и аранжман ги направи Славко Ристески, а стиховите се дело на Огнен Неделковски.

 

Ташко при гостуваше во студиото на ИН ТВ јавно откри дека песната е посветена на неговата сопруга Мартина, која воедно го толкува и главниот женски лик во видеото.

„Песната ‘Само едно ми е важно’ е наменета за неа, таков е и текстот. Морам да кажам дека песната сакав да ја испеам на  Валандовскиот фолк фестивал, но беше одбиена. Затоа ете денес дојде ред за неа да снимиме и видео. Мартина одигра супер, за прв пат се појавува во спот па се надевам дека ќе им се допадне на гледачите“- раскажува Ташко, во неодамнешното интервју.

Снимањето на спотот се одвивало во хотелот Инекс Горица, лоциран на охридското крајбрежје, а видеото го изработија неговите долгогодишни соработници од ИН Продукција. Спотот е веќе пуштен во етер, а премиерно беше прикажан на сателитската ИН ТВ.

 

Во продолжение погледнете го и вие:

To top