Живот и Стил

Факти и заблуди за пиењето алкохол

Факти и заблуди за пиењето алкохол

1. Мажите може да испијат повеќе од жените.

ТОЧНО. Кога зборуваме генерално, мажите можат да консумираат повеќе алкохол без да стигнат до состојба на пијанство. Причината за тоа е поголемата тежина на мажите која придонесува за помала концентрација на алкохол во крвта.

2. Кафето отрезнува и го намалува мамурлокот.

НЕ Е ТОЧНО. Откако алкохолот ќе влезе во крвта, мора да изминат неколку часа за телото да се ослободи од алкохолот. Ниту кафето, ниту ладниот туш нема да ви помогнат во тоа. Кафето може само да го прикрие пијанството, т.е. вие сè уште ќе бидете пијани, но ќе се чувствувате побудни. Кафето не само што не помага наредниот ден, туку ја зголемува дехидратацијата на телото и може да ги влоши симптомите на мамурлак. По пијанство најдобро е да избегнувате сè што содржи кофеин, а наместо тоа да се напиете вода.

 

3. Јадењето пред пиење ви овозможува да испиете повеќе без да се опијаните.

ТОЧНО. Не заминувајте гладни на забава. Храната ја намалува брзината на апсорпција на алкохолот и тоа му дава повеќе време на телото да се справи со внесеното количество алкохол.

4. Мешањето на различни пијалаци ќе ве опијани повеќе.
НЕ Е ТОЧНО. Консумирањето на различни пијалаци во една вечер, како пиво, виски и вино, нема да ве направи попијани, затоа што алкохолот си е алкохол, без разлика дали доаѓа од вино или од виски. Но, мешањето на различни пијалаци ќе предизвика да ви се лоши повеќе и ќе ви ги влоши симптомите на мамурлак.

5. Алкохолот ќе ви даде енергија.
НЕ Е ТОЧНО. На почетокот навистина ќе чувствувате дека алкохолот ви дава повеќе енергија и ве прави посреќни, затоа што алкохолот ги потиснува вашите инхибиции. Но, ако ги преминете границите на умереното пиење, ќе почувствувате дека зборувањето, движењето и размислувањето ви се забавуваат и дека расположението ви се намалува.

6. Алкохолот ги уништува мозочните клетки.
НЕ Е ТОЧНО. Алкохолот не ги убива мозочните клетки, но влијае на начинот на којшто тие комуницираат помеѓу себе. Сепак, и покрај тоа што не ги уништува мозочните клетки, хроничното пиење алкохол може да доведе до невролошки нарушувања кои можат да предизвикаат проблеми со памeтење.

To top