Радио Милева тие го разубавеа, таа му го стоп(л)и срцето...

Антониа Гиговска само што се појави, успеа да го расплаче: ВИП на еден ден, среќен за цел живот (ВИДЕО)

Антониа Гиговска само што се појави, успеа да го расплаче: ВИП на еден ден, среќен за цел живот (ВИДЕО)

Во емисијата „Вип на еден ден“ со водителката Снеже Велков имаме прилика да гледаме разни трансформации, односно каде обичните луѓе кои имаат вистинска потреба стануваат „вип личности на еден ден“.

Имено, се работи за телевизиски формат во хумана мисија, а со единствена цел – враќање на насмевката на загрижените лица. Односно, Снеже заедно со своите соработници и спонзори успеваат на луѓето од ранливи категории и оние кои немаат доволно средства да си дозволат разни третмани, да им овозможат  да бидат “вип личности“ макар на еден ден.

По успешната прва сезона каде што имавме прилика да гледаме разни трансфорамции и многу среќни лица, неодамна и започна втората сезона на „Вип на еден“.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/sneze-velkov-se-vrakja-na-tv-kako-vip-na-eden-den-video/

Втората сезона започна со неверојатна трансформација на учесникот Дејан Младенов (29), доби трансформација до непрепознатливост.

Дејан е по потекло од Струмица но заради семејно насилство е одземен од родителите и донесен во дом во Скопје каде израснал.Често гладувал, просел, јадел од контејнери, но никогаш не крадел, вели во исповедда во емисијата.

Најголемиот проблем му биле забите, за кои верувал дека се млечни и не израснати и бил убеден дека цел живот ке остане со нив, но, стоматолозите  успеаја да го решат, така што момчето доби  сосема нов лик за ВИП насмевка.

 

Бидејки новиот концептот на емисијата е и една вистинска ВИП личност да се појави во неа заедно со учесникот кој е Вип на еден ден, во емисијата се појави и неговата омилена пејачка, Антониа Гиговска. Ова беше изненадување за  Дејан кој воопшто не го очекуваше и беше шокиран кога ја здогледа, а таа му ја отпеја нејзината песна „Никогаш не вели никогаш“. Оваа емотивна средба предизвика солзи радосницни на лицето на младото момче и се разбира топли прегратки со својата омилена пејачка.

Дејан е навистина нејзин голем фан, па средбата со неа предизвика дружба со многу позитивна енергија. Во видеото подолу погледнете како изгледаше моментот на емотивната средба на ВИП-овецот со својот идол!

 

View this post on Instagram

 

Ми се јави @velkovsneze и ми кажа дека има човек кој што многу ме сака,слуша,поддржува,а тој човек има трогателна приказна,ги има овие двајца пријатели и е тотално сам,и се што направил во животот направил САМ! Веднаш прифатив и го направив уште посреќен од тоа како тој изгледа сега а како изгледаше пред промената од страна на тимот на @vip_na_eden_den Браво за тимот,браво за хуманоста! А тебе драг Дејан ти благодарам на искрената љубов!❤️ #proudofyou #nikogasnevelinikogas

A post shared by Antonia Gigovska (@antoniagigovskaa) on

 

 

 

 

To top