Регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ важи за едно од најгледаните шоуа во регионот, а од секоја сезона излегува по некоја ѕвезда.
Пејачката Тања Савиќ се натпреваруваше во првата сезона на музичкото шоу и во тој период беше една од најпознатите пејачки.
Иако директорот на „Гранд продукција“ и предвидуваше блескава кариера, Савиќ се омажи и се повлече од музичката сцена.
Меѓутоа, период повторно е акутелна на музичката сцена, а според прегледите на Јутуб нејзините песни бројат милиони.
Во другата сезона на музичкото шоу победи Милица Тодоровиќ која денес важи за една од најпознатите пејачки.
Тања на својот „Инстаграм“ објави фотографија од почетокот на нивната кариера и покажа како изгледале пред неколку години.