Актерката и ќерка на Раде Шербеџија, Луција Шербеџија (46), беше оперирана во средата, а како што пренесуваат хрватските медиуми, таа го скршила колкот.
Поради подолго закрепнување на актерката, се одложи и премиерата на новата претстава „Хеда Габлер“, како и три претстави во нејзиниот матичен театар ЗКМ.
Несреќата да го скрши колкон на Луција и се случи и во 2014 година, среде лето, додека трчала на Силба каде била на одмор.
Потсетуваме дека актерката стана позната во јавноста како едно од петте деца на славниот татко Раде Шербеџија, кој денес е во брак со Ленка Удовички, со која има три деца – Милица, Нина и Вања.