Метеоролозите најавија опаѓање на температурите, а во многу делови на земјава тоа значи и појава на магла, особено во раните утрински часови.
Како возачи треба да бидете исклучително внимателни во вакви временски услови, а секогаш е добро да научите некоја лекција плус како да бидете подобри учесници во сообраќајот, пред сѐ за своја лична безбедност.
Опасно е да се ориентирате по задните светла на возилото пред вас, бидејќи во случај на густа магла тоа значи дека не го почитувате правилото за безбедно растојание. Колку изнесува безбедното растојание од возилото пред вас? Тоа е растојанието што го минувате со автомобилот при моментната брзина, за време од две секунди.
Ако видливоста е многу влошена, намалете ја брзината и вклучете ги задните светлата за магла. Не го правете тоа во случај на блага магла бидејќи така само ги заслепувате возачите зад вас.
Пожелно е да ги вклучите и предните светла за во случај на магла кои се корисни и во случаи на силен дожд или снег. Во случај на радикално намалување на брзината, вклучете ги сите четири трепкачи.
Во случај на магла користете ги кратките светла бидејќи маглата делува како огледало и долгите светла може да ве заслепат.
Исто така, потпрете се на најосновните методи на концентрирано возење. Намалете ја јачината на радиото или системот за забава во возилото и кога чекате на раскрсница спуштете ги прозорците за да чуете дали се долижува возило.
Секогаш одржувајте ги чисти стаклата и особено внимавајте да немаат мрсни траги од внатрешната страна.
Ако имате клима-уред, се препорачува да го вклучите.
Не заборавајте дека користењето на мобилен телефон додека возите, особено во специфични временски услови и услови на патот, не само што е противзаконски, туку е и опасно за вас и другите учесници во сообраќајот.
извор: Кајгана