Направете вкусна пита.
СОСТОЈКИ:
500 гр. готови кори
500 гр. сирење
5 јајца
1 шолја јогурт
3 лажици брашно
1 шолја масло
½ лажички сол
1 прашок за пециво
сусам за горе
ПОДГОТОВКА:
Се прави смеса за премачкување од три јајца со масло, јогурт и брашно со прашок за пециво, а останатите јајца се мешаат со сирењето за фил.
Се редат кори една на друга, при што на секоја се става смеса за премачкување, а на секоја 4 кора фил.
Така се реди додека има материјал, горе се става остатокот од смесата за премачкување и се става во рерна на 200 степени да се пече 35 минути, а пред тоа горе се става сусам.