Изминатиот викенд, македонскиот учесник во „Задруга 3“, Дарко Петковски-Спејко, го напушти шоуто каде беше околу еден месец. Причината за излегувањето беа малиот број на гласови, а по напуштањето на имотот, пред камерите изјави дека е среќен што си оди дома.
„Малку сум среќен што излегов. Ќе бидам искрен, не бев толку силен зад “црната маса“ како што очекував дека ќе бидам. И да останев, ќе останев уште еден месец. Во претходното реално шоу беше потполно различно“ кажа Спејко.
Логично, прва адреса каде се упати откако беше „слободен“, е онаа домашната, во Куманово. Иако беше постојано пред камери и будното око на јавноста, Спејко повторно посака јавно да се обрати и да покаже што прво направил по пристигнувањето, се разбира на Инстаграм.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/darko-spejko-ja-napushti-zadruga-3-video/
Имено, тој објави видео од кое се гледа неговата комплетна трансформација, ја избричи брадата и ја собра косата, издание во какво го паметиме од поодамна.
Спејко подолг период го негува изгледот на ламберсексуалец од кој сега реши да се ослободи и пред своите обожаватели да ја сподели промената.
Она што очигледно му недостигало е физичката активност и вежбите во теретана каде се упати така освежен и променет.
Инаку, за разлика од „Големиот брат“ каде победи во 2015 година, овој пат во „Задруга 3“ на Спејко не му тргна каков што беше примерот со претходното искуство во реално шоу.