Живот и Стил

Четири работи кои треба да ги знаете ако се одлучите да имате боб фризура

Четири работи кои треба да ги знаете ако се одлучите да имате боб фризура

Неколку сезона наназад боб е дефинитивно најпопуларната фризура која се поголем број жени решиле да ја пробаат и да направат промена. Меѓутоа, една од основните дилеми на жените кои досега не се одлучиле на овој чекор е тоа што не се сигурни дали и како ќе може да ја стилизираат оваа фризура во деновите кога нема да можат да го посетат својот фризер.

Изгледот на боб фризурата зависи од квалитетот и текстурата на вашата коса, а за таа секогаш да изгледа беспрекорно, потребно е да ги знаете овие работи пред да се одлучите на ваква драстична промена.

1. За оваа фризура важен е обликот на лицето

Боб е фризура која генерално одговара на секаков облик на лицето, но тоа што се разликува е дефинитивно начинот на шишање. Со правилно сечење на косата ќе се изрази најистакнатата точка на лицето. Доколку сакате акцентот да биде на долниот дел од лицете изберете дојагонален начин на шишање, а ако сакате акцентот да биде на вашите јагодици изберете коцкест облик.

2. Размислете за текстурата на својата коса

Текстурата на косата всушност е најважниот фактор која се одлучувате за овој тип фризура. Ако влакното ви е тенко, одлучете се за краток боб, бидејќи на тој начин визуелно ќе добиете на волумен. Доколку вашата коса е витката најмногу ќе ви одговара боб кој кон темето е пократок, а напред подолг бидејќи е погоден за стилизирање и виткање во локни.

3. Се работи за фризура која бара многу

Доколку сакате да ја изнесете оваа фризура, потребно е да знаете дека мора редовно да ја одржувате, негувате, стилизирате, но и шишате за да го одржи обликот. На секои 5 до 6 недели потребно е да си закажете термин кај вашиот фризер

4. Стилизацијата е неопходна

Боб е фризура која бара многу и секој пат по миењето на косата ќе изгубите речиси еден час за да ја стилизирате својата фризура. Безразлика дали сакате локни или права коса потребно е да користите препарати за стилизација и заштита на вашата коса.

To top