После 29 години брак, Боба Живојиновиќ успева да ја изненади својата сопруга Лепа Брена и за нејзиниот 59-ти роденден и подготви специјален подарок.
Според извор близок на пејачката, Живојиновиќ направил посебен напор пред неколку дена околку неговото изненадување.
„Брена беше шокирана затоа што не очекуваше ништо! Боба е галантен, но сега тој се обиде да избере парче накит што Брена одамна го посакува, така што и подари ѓердан и обетки со дијаманти од престижна куќа“, изјави изворот за српски „Стар“, додавајќи дека Живојиновиќ утротѕо се разбудил пред својата поубава половина и се вратил во кревет со накит и шампањ.
“Таа веднаш се разбуди кога ги виде подароците на Боба и шампањот. Таа беше среќна цел ден”, заклучи изворот и додаде дека Боба тогаш приредил и гала ручек за остатокот од семејството, додека Филип Живојиновиќ и неговата сопруга Александра Пријовиќ на славеничката и донеле огромен букет цвеќиња и нејзината омилена торта.
Инаку, Брена на својот инстаграм сподели и видео со кое ја обележа 32 годишната љубов меѓу неа и сопругот.