Живот и Стил

Идеален рецепт за салата од макарони

Идеален рецепт за салата од макарони

Брза и вкусна салата од макарони, ќе ја обожавате!

СОСТОЈКИ:

250 гр макарони
1 тегла кисели шампињони
неколку кисели краставички
400 мл кисела павлака Пекабела
1-2 лажица мајонез
сол
бибер
оригано

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Макароните згответе ги и оставете ги да се изладат. Шампињоните и киселите краставички ситно исечкајте ги, додајте варени макарони, павлака, мајонез и зачини. Добро измешајте и послужете.

Добар апетит!

извор:готви.мк

To top