Ако мислевте дека оваа есен ќе ја одбележат само класични модели на чизми, се лажете. Студените денови само што настапија, а на Инстаграм веќе владеат „грдите“ чизми со потпис на Manu Atelier. Станува збор за модели во кафеави нијанси со ниска потпетица и четириаголник во предниот дел.
Наспроти фактот што не станува збор за модел кој ја има секојдневната естетика на која сме навикнати, трендсетерките се потполно опседнати со овие чизми кои поради предниот дел го прават стапалото визуелно подолго но и потесно.
Овој модел на чизми чини околу 400 фунти.
извор:среќа.мк