Живот и Стил

Погледнете што се случува кога новиот iPhone ќе го потопите во вода

Погледнете што се случува кога новиот iPhone ќе го потопите во вода

Колку новите модели на iPhone се навистина водоотпорни? Новинарите од сајтот „Cnet“ одлучиле да дознаат што навистина се случува кога новиот iPhone ќе го ставите во вода, а ова се нивните впечатоци.

iPhone 11 и 11 Pro не се целосно водоотпорни на вода, но доволно се заштитени да издржат доколку на нив ви се истури кафе или пак доколку го потопите во базен.

Колку вода овие телефони навистина можат да поднесат?

Судејќи според Apple, iPhone 11 има IP68 рејтинг што значи дека е отпорен на вода до длабочина од 2 метри и може да издржи 30 минути под вода. Поскапите iPhone 11 Pro и iPhone 11 Pro Max исто така имаат IP68 сетификација, но тие можат да одат и подлабоко до 4 метри и да издржат исто така 30 минути под вода.

Сепак, каква е реалната ситуација?

Длабочина до 4 метри
По 30 минути и малку сушење, екраните на iPhone 11 и iPhone 11 Pro работеле и немало никакви знаци на замаглување на објективот на камерите.

Сите дугмиња и звучникот работеле. iPhone 11 звучел малку полошо, додека пак Pro верзијата имала одредени дисторзии на звукот.

Длабочина од 8 метри
По 30 минуит двата екрани работеле, камерите правеле фотографија без никакви трагови на замаглување и звучниците одлично работеле.

iPhone 11 имал “помек“ звук од iPhone 11 Pro.

Длабочина од 12 метри
По 30 минути двата телефони биле во одлична состојба по нивната проверка. Меѓутоа, звучниците биле пригушени и на двата модели.

По овој тест, двата телефони биле измиени со обична вода, исушени со сува крпа и оставени изгаснети 72 часа.

Кога повторно биле вклучени, функционирале како да биле извадени од кутија без никакви видливи проблеми или пак оштетувања.

Единствената работа која претрпела мала штета биле звучниците кои повеќе не пуштале “остар“ звук на максимална јачина.

извор:супермен/точка.ком.мк

To top