Живот и Стил

Модна изложба и поп-ап настан на Мелани Дигит во Акантус

Модна изложба и поп-ап настан на Мелани Дигит во Акантус

Модна изложба, целодневен и вечерен поп-ап настан на Мелани Дигит (Мелани Димитровска), во петок, 25 октомври, од 14 до 22 часот, во галерија „Акантус“ во Дебар Маало.

Неколку аутфити од колекцијата ce презентирани на Fashion Scout London оваа година на Ljubljana Fashion Week а во пошироко издание ќе се прикаже во Галерија Акантус – Скопје. Колекцијата е насловена „Профил“, произлезено од поширока тема – Балкан. Составена е од женски, машки и унисекс парчиња. Главните материјали од кои што е сошиена колекцијата се лен, памук и свилени конци врз памучна основа. Апликативните делови користат нетекстилни материјали, а се искористени и за целосен материјал за облека.

Fashion Scout See @ Ljubljana Fashion Week

Мелани Димитровска дипломирала на Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет во Скопје, следела курсеви за модна фотографија, графички дизајн, за кроење и за шиење. Повеќепати работела како костимограф во изведувачките и визуелните уметности, има награда за расказ од издавачката куќа „Темплум“, учествувала на изложби за модна фотографија, додека со свои колекции учествувала на Моден викенд Скопје, Модна недела Битола и Месец на дизајн во Љубљана.

To top