По долгогодишна пауза, Росана Сариќ Тодоровска се врати на сцената. И се врати на музиката ако така може да се каже, зашто воопшто и никогаш не ја оставила засекогаш. Освен што пеењето како нејзина професионална определба беше на „стендбај“.
Но токму авторот Александар Митевски и годинешниов „Макфест 2019“ доволно силно го притиснаа црвеното копче, кое одново ја вклучи волјата и желбата Росана одново да запее на фестивалската сцена.
Песната на Митевски емотивна, стиховите уште повеќе, како времеплов низ спомените. И не случано е одбран и стилот и текстот на песната, како што не е случен ниту изборот на изведувачот, кој за својата брилјантна вокална интерпретација ја доби годинешната макфестовска награда.
Но, дека Росана е класа пејач не е ниту непознато ниту нешто ново. Она што малкумина знaеја дека во нејзината макфестовскa „Спомени“ пее и некој друг заедно со неа.
Нејзиното второ јас, нејзината друга половина, сестрата близначка Маријана Новачевска, која живее во Австралија, но кусиот престој во родната Македонија го искористи во песната да ги испее придружните вокали… Росана и Маријана заедно, како некогаш на „Макфест“. Не баш исто како во „Признавам“, ама признавам исто толку добро и убедливо, емотивно и величествено.
Затао и како што вели самиот автор на песната А. Митевски: „Спомени“ е емотивен тобоган низ кој тон по тон, нота по нота, стих по стих… се лизгаат сите овие изминати години!