Мозокот е најважниот дел од човечкиот организам, кој како некаков диригент управува со сите телесни и ментални функции. Со негова помош ги извршуваме секојдневните активности. За добра работа на мозокот, потребно е да јадете храна богата со антиоксиданти.
Лиснатиот зеленчук содржи многу здрави состојки. Задолжително јадете две или три порции неделно за да го заштитите организмот од вирусните инфекции.
Јадете блитва, спанаќ и марула.
Цвеклото е полно со природни нитрати кои го подобруваат протокот на крв во мозокот.
Од минерали содржи речиси сè – калциум, калиум, натриум, фосфор, магнезиум, железо, флуор, манган, бакар, јод, сулфур, литиум, стронциум, бром. Од витамини најзастапени се Б1, Б2, Ц, како и реткиот витамин Б12.
Шумското овошје е полно со антоцијанидин, флавоноид кој ја подобрува функцијата на хипокапус, област во мозокот која се смета клучна за помнењето и за справувањето со стресот.
Морковите се полни со антиоксиданти и бета каротин кои се клучни за обнова на клетките. Благодетите на морковите се многубројни, а достапни се во секоја сезона. Направете вкусна салата од рендан морков барем еднаш неделно.
извор: Кајгана