Живот и Стил

Предлог фризури: Есенски трендови за стилизирање на косата

Предлог фризури: Есенски трендови за стилизирање на косата

По лето поминато во соленото море, под жешките сончеви зраци и во хлорираните базени, многу од нас копнеат по промени на фризурата. Но, додека некои жени се подготвени за значително потстрижување, други не се склони кон смели промени и трагаат по нови идеи за стилизирање на косата.

Неколку трендови се наметнуваат како доминантни оваа есен. Па, ако сакате да бидете во чекор со модата, инспирирајте се од нив:

РАМЕН БОБ
Ако сте подготвени за големо потстрижување на косата и отстранување на оштетените врвови, обидете се со боб фризура, која нема многу слоеви, туку е рамна. Таа одлично одговара со ролки, марами и џемпери, гарантирајќи ви модерен изглед оваа есен.

ВПЕЧАТЛИВО ВЕНЧЕ
Веројатно сте забележале дека модните блогерки милуваат да носат впечатливи венчиња на главата, а тоа ќе продолжи и оваа сезона.

ШНОЛИ
Шнолите кои беа екстра популарни во текот на летото, продолжуваат да бидат хит и во текот на есента. Можеби и вие сте дел од многуте обожавателки на модата кои не сакаат овој тренд никогаш да исчезне. Бидете креативни со овие модни додатоци за глава, можете да создадете многу уникатни изгледи.


ШИШКИ ТИП ЗАВЕСА
Доколку сакате да си го промените изгледот на косата, но не сакате да ја скратите премногу, експериментирајте со шишките. Оваа есен, шишките во стил на Брижит Бардо ќе бидат хит, па нема да згрешите ако пробате како ќе стојат тие на вашето лице

извор: фемина.мк

To top