Пушачите кои палат цигара веднаш штом ќе станат од спиење, без претходно да каснат нешто или барем да се напијат, го зголемуваат ризикот за добивање рак на белите дробови и на усната шуплина, покажува истражувањето направено на 2.000 возрасни пушачи.
Резултатите од ова истражување покажале дека дури 32% од испитаниците првата цигара ја палат 5 минути после станувањето. Од испитаниците, 31% правата цигара ја палат од 6 до 30 минути по станувањето, 18% од 31 до 60 минути по будењето, а само 19% после еден час.
Учесниците кои првата цигара ја палат по будењето, имале најголемо ниво на отровни материи во организмот од цигарите во однос на останатите. Научниците утврдиле дека ова особено е штетно за постарите лица. Тие објаснуваат дека луѓето кои првата цигара ја палат многу рано, го вовлекуваат димот многу подлабоко и подолго го задржуваат, што може да предизвика рак на усната шуплина и на белите дробови.
Токму затоа тие објаснуваат дека најдобро е наутро, прво нешто да се касне, за да може организмот да се разбуди. На телото, во утринските часови најмногу му е потребна енергија, па токму затоа потребно е да ми овозможите здрав почеток на денот.
извор: курир.мк